Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 20 – 26-ти април, под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.
Од Црвениот крст Охрид апелираат и ги повикуваат нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата со:
– донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид ул. „Димитар Влахов“ 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајќи и сабота и недела од 8 до 15 ч.
– донирање на парични средства на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележани со обележја на Црвен крст Охрид, кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот и ќе прибираат доброволни прилози од нашите хумани сограѓани, чија висина ќе биде назначена на соодветен памфлет
– донирање на парични средства на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележани со обележја на Црвен крст Охрид, преку акцијата „Од куќа до куќа“. Волонтерските тимови на семејствата ќе им приложат плико и информативен флаер за нивна вклученост во акцијата за донирање парични средства според нивната желба и можности
– донирање на парични средства на жиро сметката (бр. 530000300136121 во Охридска банка АД Скопје) на Црвен крст Охрид со назнака за „Недела на солидарност“.