Кривична пријава за лице од Дебар поради Недозволено изработување, држење и тргување со оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ полициската станица Дебар, против А.Н.(24) од Дебар поднесе кривична пријава.

На 27 јануари оваа година, при контрола во продавницата за трговија на мало за лов и риболов „Унитед-Арсенал“ во Дебар, пронајдени се вкупно 1327 парчиња ловна и сигнална муниција различен калибар за кои пријавениот А.Н. не поседувал соодветна документација за нивна набавка и продажба.

Контролата во продавницата лоцирана на улицата „11 октомври“ ја извршиле полициски службеници од полициската станица во Дебар во содејство со пазарниот инспекторат во Дебар.