Обраќање на познатиот екологист Лазо Наумоски по повод Денот на планетата Земја

Охридскиот екологист Лазо Наумоски со свое обраќање по повод 22-ри април, Денот на планетата земја.

„Се раѓаме, растеме, образоваме, работиме, се рекреираме или одмараме. Животниот простор на човекот на земјата планета се повеќе се стеснува, се загрозува и загадува ги губи основните својства за квалитетен простор за живеење и опстојување во една одредена животна средина.

-Колку повеќе човекот сакал да ја промени животната средина, толку повеќе ја обременува земијната топка со разновидни деградациони промени кои бараат брзо решавање, односно санирање на негативните процеси во неа.

– Загадувањето на животната средина и загрозувањето на планетата Земја треба да се сфати како перманентен процес предизвикан претежно од антропогениот фактор кој со својата алчност настојува природните богатства до максимум да ги искористи за свои интереси.

Човекот ги забележува убавите страни на природата од планетата Земја, сакајќи истите до максимум да ги искористи за свои лични интереси ја изменува природата во интерес на своите желби и потреби.

Човекот со своето егоистичко дејствување врз земјата планета стана и нејзин најголем непријател.

Неговата недисциплинираност и неодговорност кон природата асоцира на поговорката:

„Важно е јас да му е проживеам, а за идните генерации не размислувам“– вели екологистот Наумоски.

Наумоски потсетува дека најдобар пример за односот на човекот спрема Планетата Земја е случајот со ендемичната пастрмка од Оридското Езеро.

„Воведувањето на високи пловечки мрежи како риболовен алат во далечната 1986/87 година во изловувањето на пастрмката беше еднакво на чин на фрлање на атомска бомба во водите на Охридското езеро со далекусежни еколошки последици.“– додава Наумоски.