Работилница за развивање национална здравствена стратегија „Здравје 2020“

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски, денеска присуствуваше на работилницата за развивање национална стратегија за здравје до 2020 година, на иницијатива на Министерството за здравство, со поддршка на Светска здравствена организација (СЗО).

Изготвувањето Националната стратегија „Здравје 2020“ предвидува сеопфатен процес кој ќе ги вклучи сите чинители под водство на владиниот Комитет за животна средина и здравје, при што се предвидува отворен консултативен и мултисекторски процес во насока на интегрирање на различните слоеви на здравствениот сектор, активно учество на други нездравствени сектори и широк спектар на чинители, вклучувајќи ја стручната заедница, општите лекари, граѓанските организации и општата јавност. Вака изготвениот документ ќе биде доставен за усвојување до Собранието на РМ.

Под техничко водство на експертот на СЗО, д-р Ричард Aлдерслејд и националниот тим на експерти, се очекува да се одредат клучните стратешки цели и да се подготви првата нацрт верзија на Стратегијата, земајќи ги во предвид досегашните анализи на националниот здравствен систем, резултатите од истражувањето “Какво здравје сакаме до 2020?“, и придонесот од Е – Платформата – Здравје 2020 (http://zdravstvo.gov.mk/health_2020/) достапна за коментари, идеи и предлози на сите граѓани. Со поддршка на Светска здравствена организација се изготвуваат голем број стратешки документи, кои ќе бидат составен дел од Стратегијата „Здравје 2020“, а кои ќе вклучуваат планови за превенција и контрола на незаразните болести, зајакнување на јавното здравје, животна средина и здравје. Сите информации ќе ги најдете на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/health_2020/.

Jovica-Jovanka-Foto2