Бизнис средби со австриски туроператори за отварање на нов туристички пазар

Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година и можноста за отварање на нови туристички пазари од 20-23.04 во Австрија, АППТРМ –Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија ќе учествува на бизнис настан „An Evening with THE Experts“ кое вклучува презентации и бизнис средби со австриски тур оператори.

Претставници од АППТРМ и директорот Кристијан Џамбазовски ќе ги презентираат туристичките потенцијали во Македонија, атрактивните туристички продукти и дестинации, висината и начинот на субвенционирање за организиран странски туристички промет во Македонија и можностите за инвестирање во туристичко развојните зони. Презентациите ќе бидат во четири града во Австрија, Салзбург, Грац, Инзбрук и Линц пред повеќе од 300 тур оператори.

Ова е начин преку директен контакт со тур оператори и професионалци од туристичкото стопанство на Австрија за презентирање и запознавање со македонскиот туристички производ и македонските потенцијали, а со цел отварање на нови пазари и зголемување на австриските туристи во Македонија.