Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот туроператори од Русија одржаа B2B средби со претставници на АППТРМ и со туристичкиот сектор од Македонија.
АППТРМ организира информативно патување за тур оператори и новинари од Русија во согласност со програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година. На едно неделното патување, гостите имаат можност да се запознаат со културните и природните убавини на Македонија, да ја почувствуваат македонската гостопримливост, да пробаат македонски специјалитети и врвни вина. Според руските експерти за туризам, Македонија е привлечна и идеална дестинација за манастирски туризам, културни, гастрономски и вински тури.
Беа остварени средби со следниве претставници/тур оператори од Русија:
“Visit Macedonia Moscow”, “Peremena group Moscow”, “Interfaks Moscow”, “Stranniki Moscow”, “Prontotour Moscow”, “Globus Travel Voronez”, “Solicsclub “Karitiada Moscow”, “Turkompas Moscow”, “Pokrov Moscow”, “Rostour”.
Тур операторите од Русија изразија задоволство од успешните средби со бизнис секторот, потенцијал за соработка има, а интересот е проширување на нивната дејност и на македонскиот пазар и привлекување на поголем број потенцијални туристи од Русија.