Закажана триесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.04.2015 година (среда) со почеток во 11,30 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

Усвојување на записниците од 37-мата и 38-мата Седница

  1. Предлог Одлука за усвојување на програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година.
  2. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015 – 2017 година.
  3. Предлог Одлука за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид.
  4. Предлог Одлука за давање во закуп на недвижен имот.
  5. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2015 – 2018 за периодот од 01.01. – 31.03.2015 година.
  6. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.03.2015 година.
  7. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2015 – 2017 за периодот од 01.01. – 31.03. 2015 година.
  8. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2015 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  9. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  10. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  11. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  12. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  13. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2015-2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  14. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  15. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  16. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  17. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  18. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година.
  19. Предлог Одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој и годишниот финансиски извештај за 2014 година.
  20. Предлог Одлука за утврдување Нацрт Детален урбанистички план за градежна парцела 1 на Кп.бр.9883/1 КО Охрид 2, УЗ 10, дел од Блок 10.3 – Охрид, општина Охрид, плански период 2014 – 2019
  21. Предлог Одлука за донесување Детален урбанистички план за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за УЗ 17 УБ 17.4 – Охрид, општина Охрид, плански период 2013 – 2018
  22. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за започнување постапка за измена на Детален урбанистички план за градежна парцела на Кп.бр.14969/1 и Кп.бр.14969/2 КО Охрид 3
  23. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1933/2 КО Лескоец.
  24. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.27/7 КО Велестово.
  25. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.970/3 КО Оровник.
  26. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1143 КО Елшани.
  27. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1184 КО Елшани.
  28. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1252 КО Лескоец.
  29. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1256 КО Лескоец.
  30. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1386/1, 1386/2 и 1386/3 КО Трпејца.
  31. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1737/1 КО Лескоец.
  32. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1762 КО Пештани.
  33. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1822 и Кп.бр.1823 КО Велгошти.
  34. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1876 и 1874/1 КО Пештани.
  35. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1939 КО Лескоец.
  36. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2282/1 КО Долно Лакочереј.
  37. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2283 КО Лескоец.
  38. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2324/1 КО Долно Лакочереј.
  39. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2600 КО Долно Лакочереј.
  40. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2744/1 КО Велгошти.
  41. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2814/1 КО Охрид 4.
  42. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2865/1 КО Охрид 4.
  43. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2871/1 КО Коњско.
  44. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.3254/1 КО Коњско.
  45. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1441/1 КО Пештани.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска