Младински Совет Охрид, како регионална канцеларија на коалицијата на младински организации СЕГА, денес организира локална дискусија за подобрување на актуелните политики за младинско вработување.
Локалната дискусија е дел од проектот „Креирање Ефективни Можности за младинско вработување“. На дискусијата ќе се работи врз основа на согледувањата од истражувањето за актуелните политики за младинско вработување на ЕУ и РМ, кое дава осврт и насоки за локалните дискусии за подобрување на системот за премостување на транзицијата од образование до вработување на младите. Петте насоки кои произлегуваат од истражувањето ќе бидат дискутирани од претставници на повеќе институции, носители на одлуки, здруженија невработени лица и други заинтересирани лица.