110 години од смртта на Христо Узунов

Христо Узунов е роден на 22 февруари 1878 година во Охрид. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од семејството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов од Струга. Христо Узунов своето образование го започнал во родниот град. Kако ученик на Солунската гимназија пристапил во ВМРО и раководел со револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата, неколку години учителствувал во Охрид.

Се смета дека Христо Узунов во револуционерната организација се вклучува во 1896 година заедно со Методиј Патче. Така, Христо Узунов бил и раководител односно организатор на ТМОРО во Охридско и Струшко. Прогонуван од турската власт, на двапати бил затворен во Битола. На познатиот Солунски конгрес на Организациjата во 1903 година била донесена одлука да се крене востание. Конгресот на округот пак, бил закажан во селото Смилево, на 1 маj 1903 година. На него охридскиот воjвода Христо Узунов, коj jа предводел делегациjата на Охридската револуционерна околиjа, предложил, поради недоволната организираност и слабата вооруженост да не се крева востание, во кое не успеал. По задушувањето на востанието, во охридскиот краj останал воjводата Христо Узунов, коj по одредено време минато на Смилевската планина, во декември 1903 година се вратил во своjата околиjа за да ги обнови растурените комитети на Организациjата. Во текот на 1904-1905 година Узунов главно својата активност ја насочил во организирање борба против присутните пропаганди, како и за разрешување на идеолошко-теоретските проблеми со кои се соочувала Организацијата.

На 24 април 1905 година, од Крушево заминал за кичевско, придружуван од страна на 14 соработници и револуционери, добро вооружени четници и двајца војводи, Ванчо Србаков и Пецето сѐ со цел да го исполнат решението за егзекуција на петнаесетмината ренегати во една ноќ. Но, во кичевското село Цер биле опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Тие не примиле никаква помош па биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. Војводата Ванчо Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие низ огнот, во кој сепак не успеал. За да не им паднат живи во рацете на Турците, тој и неговите 13 соборци се самоубиле.

Останало неговото познато и потресно претсмртно писмо како сведоштво за македонските херои и маченици.