Одржана средба со работодавачи и млади невработени лица

Во зградата на Општина Охрид, денес се одржа форум со работодавачи и млади невработени лица.

Целта на работната средба беше зголемување на информираноста на работодавачите за активните програми и мерки за вработување, дијагностицирање на бариерите со кои се соочуваат во креирање на работни места и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу работодавачите, единиците на локалната самоуправа и државните институции на локално и национално ниво.

На одржаниот Форум со работодавачи стана збор и за работата на институциите и можностите за нивно подобрување, мерките кои би ја намалиле нелојалната конкуренција и сивата економија а се даваа предлози за подобрување и олеснување на работењето на работодавачите.

Меѓу другото на средбата се разговараше за новите законски можности и олеснување при вработување на младите лица и корисници на социјална парична помош.

Присутните на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев а организатор на случувањето беше Агенцијата за вработување.

Rabotodavaci_nevraboteni_4851