При претрес во Куманово приведени две лица кај кои бил пронајден ТНТ

Врз основа на добиени судски наредби, вчера беа извршени претреси на три локации во Куманово. При претресите пронајдени и привремено одземени се: четири парчиња од по 200 грама ТНТ со кафеава боја, знаме на Р.Албанија со натпис ИЛИРИДА, покана од УЧК, десетина ЦД-а, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат. По завршување на претресот приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38).

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи кривична пријава против Р.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“. Против истиот и во претходниот период биле поднесени кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и недозволена трговија со оружје.