Тренерската Организација и Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија информираат дека согласно Правлиникот за лиценци (дозволи) за работа на тренери во Фудбалска Федерација на Македонија што се однесува на тренерите во Прва МФЛ, како и согласно Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања на УЕФА, дека тренерот кој е носител на активностите на сенироскиот тим (Тим Менаџерот), мора да поседува УЕФА ПРО Диплома.
Исто така, претходно важечкото правило за 50% проследена настава на УЕФА Про ниво повеќе не е на сила за натпреварувачка сезона 2015/16. Од тие причини клубовите се упатуваат навремено да ангажираат тренер кој ги поседува соодветните квалификации за оваа позиција.