ФЗОМ го одобри барањето за лекување во странство на Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака да ја информира јавноста во врска за лекување во странство од страна на Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани.

Фондот го одобори барањето за лекување во странство за осигуреното лице во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе биде на товар на Фондот.

Од минатата година, на сила стапија законските измени со кои се овозможи за здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице да учествува со 20% од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност.

На 25-годишниот Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани му е потребна итна трансплантација на срце.