ИО „Пионер“ го освои овогодишниот трон на меморијалот „Марко Граорковски“

Викендов извидниците од извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид учествуваа на 42-от Меморијал „Марко Граорковски“ – кој се одржа на територијата од Катланово. Извидниците учествуваа со свои две екипи од помлади извидници (ученици од 10-14 годишна возраст).

На меморијалот учествуваа 140 извидници од повеќе градови од Република Македонија, како и од соседна Србија.

Истите се натпреваруваа во ориентација на карта, ориентација во природа, шаторизација, полигон на спретност, вештини и вештарства, забавни игри и сето тоа поткрепено со добра забава и музика.

„Нашата прва екипа „ШАМПИОНИ“ го освои највисокото прво место и го презеде овогодишниот трон на меморијалот, а додека втората наша екипа „Пионери“ го освои шестото место. Со ова преку нашиот одред, името на нашиот град се запиша во долгогодишниот историјат на републички извиднички натпревар.“– вели Зорн Костоски, Старешина на И.О.Пионер.