Меѓународен тренинг курс „Entercaution“ во Струга

Меѓународен тренинг курс „Entercaution“, во организација на Волонтерски Центар Скопје неговиот партнер од Естонија- НВО Лоовкешкуш, се оддржува од 17-ти до 27-ти април во Струга-Центар Солферино. На него учествуваат 25 учесници од Македонија, Германија, Хрватска, Естонија и Романија.

Целта на оваа обука е да се развие креативноста и иновативноста, да се разменат искуства и да се стекнат вештини во спроведување на едукативни работилници од неформалното образование, во рамките на формалното средношколско образование.

Како финален производ на овој тренинг предвидено е локален настан, кој ќе се оддржи во центарот на Струга. Локалниот настан ќе се одржи денес, каде што учесниците ќе ги презентираат своите вештини, знаења и креирани работилници, со кои се имаат стекнато за време на оддржувањето на оваа обука.

Проектот е финансиран и е поддржан од страна на Европската комисија, во рамките на нивната програма за млади и образование Еразмус Плус.