Најмалку 1.970 лица загинаа во разорниот земјотресот со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала во Непал, а бројот на жртвите и натаму расте, соопштија непалските власти, пренесува МИА.
Од вкупниот број загинати, според непалските власти, само 60 не се од Непал. Во главниот град Катманду загинаа 721 лице.
Во земјотресот има најмалку пет илјади ранети лица.
Обединетите нации подготвуваат масовна операција за укажување помош за Непал, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
„ОН и помагаат на непалската Влада да ги координира меѓународните спасувачки операции и подготвуваат голема операција за укажување помош. Веќе е јасно дека загинале многу луѓе. Освен тоа нанесена е значителна неповратна штета на културно-историското наследство на Непал“, рече Бан.
Од името на ОН тој изрази длабоко сочувство до непалската Влада и сите погодени од земјотресот.
Извор: Нет Прес