Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, денес ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Дојран, хотел Полин.
„Би сакал да истакнам дека грижата за пензионерите е наша обврска и должност, меѓутоа во исто време и наша заложба и задоволство едноставно достоинствениот живот на пензионерите, квалитетниот живот во третото доба е наша определба како Влада на Р.Македонија. Со реализација на низа проекти истото го потврдуваме. Денес сме во посета кај пензионерите кои се на бесплатен туристички викенд, проект што за првпат почнавме да го реализираме оваа година, при што ќе опфатиме 3000 пензионери во 2015 година, кои што ќе имаат можност да присуствуваат на бесплатен туристички викенд во Дојран, Охрид, Струга, Берово, Преспа” рече Спасов.
Oвој проект опфаќа два полни пансиони со бесплатен превоз и истиот чини околу 7 милиони денари и се планира да продолжи и следните години. Спасов посочи дека задоволството е големо кога сите корисници на овој проект се задоволни од реализацијата, се задоволни од искуството и со истиот имаат можност да ги посетат туристичките места.
„Во соработка со СЗПМ продолжуваме да ги реализираме позитивните проекти за поквалитетен и достоинствен живот на корисницитe на пензија и во рамки на зголемување на пензиите и во рамки на реализација на бесплатни проекти како што се бањско-климатска рекреација, бесплатен туристички викенд и други проекти со кои значително се подобрува животот на корисниците на пензија”, нагласи Спасов.
Претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски искажа задоволството од соработката со Mинистерството за труд и социјална политика и изрази благодарност за досегашната подdршка на пензионерите во нивното севкупно живеење.