На 28- ми (вторник) и 29- ти април (среда), во Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар од Охрид, ќе ја одигра претставата „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер, а во режија на Ирена Стеријовска.
Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов.
Претставата е со почеток во 20:00 часот. Картите се во продажба на билетарата.