Потенцијалниот турски инвеститор Левент Ерсој се сретна со градоначалникот на општина Дебрца

Директорот на позната компанија во Турција „Fish and chips“, Левен Ерсој покрај посетите во општините Охрид и Струга ја посети и општина Дебрца каде оствари средба со градоначалникот Игор Трајкоски.

На средбата се разгледуваше можноста за изградба на големи Аутлет-шопинг центри кои би се граделе во близина на регионалниот пат Охрид-Кичево. Градоначалникот Трајкоски ја посочи локацијата за изградба на шопинг центри кај клучката Оровник-Подмолје,  бидејќи како што кажа, општината веќе има изработено урбанистички план каде има предвидено такви комерцијални објекти.

Потенцијалниот инвеститор Левен Ерсој рече дека е заинетересиран за инвестирање во земјоделието, конкретно за површини каде што може да се садат нови сорти на јаболка и цреши, како и изградба на ладилници за чување на истите.

231