Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 27 до 30 април одржува пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, на дневен ред ќе се најде и Договорот за стабилизација и асоцијација со Република Македонија.

Исто така, Европарламентот треба да го процени напредокот на Албанија и Босна и Херцеговина во 2014 година.

Последните денови од месецов, европратениците ќе дебатираат за трагедиите во Медитеранот, новата Европска агенда за безбедност, за човековите права и резолуции на демократијата, а ќе гласаат и за Младинската иницијатива за вработување.

Дел од агендата ќе бидат и теми како: нерационалната употреба на пластични ќеси, биогоривата, алкохолот, рибарството и Балтичкото Море, „паметните граници“, емисиите на CO2, нацрт-законите за отпадоци и др.