Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели.
На средбата се разговараше за актуелната политичка криза и за начините и можностите за враќање на земјата во нормален колосек.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека опозицијата има обврска да им гарантира на граѓаните дека Македонија ќе биде држава којашто ќе ги врати европските перспективи, довербата во институциите и правната држава.
„Доказите што ги обелоденивме покажаа урнисување на уставниот и правниот поредок на Македонија и кршење на основните човекови права, во што учествувал највисокиот врв на власта на чело со Никола Груевски, затоа оваа Влада повеќе нема легитимитет“, изјави претседателот Заев.
Граѓаните, како што посочи претседателот на СДСМ `се покажуваат како вистински заштитник на мирот и стабилноста во државата, што дополнително ја зголемува обврската на опозицијата да се избори, заедно со народот, за враќање на узурпираните и одземените демократски вредности.
Амбасадорот Белели рече дека верува во позитивно решение од дијалогот на преговорите во Брисел.