Бројни награди за охридските млади музички таленти

На Државен натпревар на млади музичари 2015, што се одржа во Скопје од 22-ти до 25-ти април во категориите пијано, виолина, солфеж, хармоника, флејта и кларинет, младите музички таленти од Основното Музичко Училиште „Методи Патче“- Охрид освоија 17 први награди од кои 2 специјални први, 3 втори, 4 трети награди и 1 диплома за учество.

Кристина Љушкоска –флејта и Џеврије Туле-пијано со освоени Први специјални награди ќе учествуваат на вечерашниот концерт во Факултетот за музичка уметност во Скопје како најдобри учесници на натпреварот.

Освоени награди :

Пијано

Џевриjе Туле I специјална награда
Михаил Ѓоргијоски I награда
Искра Атанасова Митуш I награда
класа проф.Даниел Чуркоски

Бојан Секулоски II награда
класа проф.Емилија Маринова

Матеј Симоноски III награда
класа проф.Андријана Думевска

Мила Коруновска III награда
класа проф. Методија Здравевски

Виолина

Атанасија Дејкоска I награда
Дафина Дејкоска I награда
класа проф-Христина Пецаковска-Николеска

Марија Џуклеска I награда
Габриел Наумоски I награда
Александар Грунчевски I награда
класа проф.Елица Џуклеска

Десарт Елмази I награда
Бајрам Рамаданоски диплома за учество
класа проф.Мухамед Бајрам

Димитар Гаврилоски I награда
класа проф.Кирил Белистојаноски

Флејта

Кристина Љушкоски I специјална награда
класа проф.Невена Танеска

Кларинет

Наум Палоски I награда
Крсте Башоски III награда
класа проф.Петар Танески

Хармоника

Мартин Цоцески II награда
Игор Климоски III награда
класа проф.Наум Џуклески

Солфеж

Ева Китрозоска I награда
Наум Палоски I награда
проф. Петар Булоски

Џеврије Туле I награда
Мила Тренеска I награда
Огнен Секулоски I награда
Михаил Ѓорѓијоски II награда
проф. Лилјана Булоска