По повод меѓународниот ден на танцот – 29 април, студиото за танц „ Соната“ од Охрид, во соработка со општина Охрид, утре со почеток во 12:12 часот организира флешмоб на градските плоштади во Охрид и Струга, како и во училиштето „ Јахја Кемал“.
На флешмобот ќе учествуваат околу 850 ученици од основните училишта од Охрид и Струга, синхронизираноста на настапот ќе се овозможи преку емитување на најслушаната локална радио станица во Македонија , охридското Супер Радио.