Почувствуван земјотрес во Охрид со епицентар во близина на Куратица

Во Охрид и околните населени места во 16 часот и 47 минути беше почувствуван земјотрес. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот беше 17 километри северно од Охрид, односно во близина на селото Куратица, на длабочина од 5 километри со интензитет од 3,7 степени според Рихтер.

WebOhrid