Виц

Индијанците се спремале за зима, па незнаејќи дали зимата што следува ќе биде ладна или не решиле да го прашаат главатарот…

– Главатару, немаме доволно дрва за зимава, мора да собереме, но не знаеме колку да собереме, дали оваа зима ќе биде ладна или не!?

Главатарот без да размислува многу им рекол дека зимата ќе биде ладна и дека ќе треба да соберат дрва. Следниот ден, за да се осигура во своите способности, решил да се јави до Метеоролошката служба:

– Ало, Метеоролошка служба, ме интересира дали ќе имаме ладна зима?

– Овде Метеоролошка служба, не очекува ладна зима!

Главатарот побрзал да им каже на неговите луѓе:

– Слушајте, како што ви кажав, не очекува ладна зима, па затоа побрзо збирајте дрва!

Следниот ден повторно решил да се јави до Метеоролошката служба, а овие му кажале дека доаѓа многу поладна зима отколку што очекувале. Тој повторно отрчал кај своето племе и им рекол:

– Луѓе, не очекува страшна зима, затоа збирајте дури и најситни дрвца!

Следниот ден тој повторно се јавил во Метеоролошката служба:

– Извинете, но ме интересира, од каде знаете дека не очекува многу ладна зима?

– Па, како од каде!?! Ги гледаме Индијанцине збираат дрва ко луди!!!