Според Законот за продажба на алкохолни пијалоци, од 1-ви мај до 30-ти септември граѓаните можат да купуваат алкохол до 21:00 часот. Тоа значи дека од денеска почнува летното сметање на забраната за продажба на алкохолот.
Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти ќе се продаваат од 6 до 21 часот, наместо до 19.
И понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетни лица. За оние кои нема да го почитуваат законското решение предвидени се санкции – забрана за вршење дејност и парична казна до 5.000 евра.