Убавото време во текот на овие празнични денови го користат сите, и граѓаните и туристите. Нашата екипа наиде на група туристи од Словенија, кои со своите камп-приколки го посетија Охрид.
Популарните „Кампервани“ за момент беа паркирани на Градскиот плоштад во Охрид, од каде ја продолжија нивната обиколка, разгледувајќи ги убавините на охридско-струшкиот регион и Македонија.
WebOhrid