Богдановиќ: Без причина бев приведен и тепан од полицијата

Претседателот на ОО СДСМ Центар, Саша Богдановиќ во изјава за медиумите истакна:

Денешнава изјава ја давам, по повод настанот што се случи вчера после завршување на натпреварот помеѓу екипите на Работнички и МЗТ, да кажам што конкретно се случи во текот на вчерашниот ден.

По завршување на натрпеварот Работнички-МЗТ, тука пред влезот кадешто влегуваат играчите, бевме да се поздравиме со дел од играчите со којшто и лично се познаваме. Од страна на полицијата, коишто беа триесетина на број, почнаа да ги тргаат луѓето. На моето прашање зошто смо ги поместуваат луѓето, односно зошто ги терате луѓето да се тргнат, сакаат само да се поздрават со дел од играчите, дел од полицајците почнаа да ме влечат. Кога прашав зошто мора да се применува сила, ме легнаа на земја, со неколку удари по глава. Потоа ме кренаа и ме однесоа во најблиското полициско комбе.

Ме држеа едно 10-15 минути и потоа ме спроведоа во полициската станица Беко. Во полициската станица Беко ме задржаа некаде околу три часа. Никој од полицајците не знаеше зошто сме задржани и зошто сме приведени. Неколку пати пробуваа да запишат причина зошто сме санкционирани и однесени во полициска станица. Прво дека сме попречувале лишување од слобода, а потоа дека сме навредувале и на крајот дека сме одбиле наредба да се поместиме, бидејќи ниту нарушувавме јавен ред и мир, ниту правевме проблеми. Сосема спротивно на тоа само сакавме да се поздравиме со дел од играчите со коишто, пак ќе кажам лично се познаваме.

Ни беше кажано од страна на началникот, кој беше тогаш задолжен за овде, дека мора да не приведат и потоа без причина, без да ни дадат некакво образложение, не држеа три сата, и ни напишаа прекршочна пријава.

Потоа, бидејќи бев удрен во главата, бев во Ургентниот центар, на клиника, кадешто ми е констатирана контузија. По примените лекарства, некаде околу три и пол часот бев пуштен на домашно лекување.“- рече Богдановиќ.

Одговори на новинарски прашања:

Новинар: Ова не ви е прв пат да бидете приведени после натпревар. Дали мислите дека полицијата има нешто против вас?

Богдановиќ: Не, ова е прв пат да ми се случи, после натпревар да бидам приведен. Еднаш сум приведен кога беше апсењето на паркобраните, тогаш по најава на станарите дека сите паркинзи, како директор на Паркинзи, се опкружени со специјални единици. Бев на лице место да видам што се случува, бидејќи граѓаните се жалеа дека не можат да влезат на паркинзите. Откако дојдов, бев брутално изваден од кола, приведен повторно во полициска станица и тогаш исто како и сега, бидејќи не знаеа за што ме држат, немаа одговор на тоа, ми пишаа прекршочна пријава дека сум фрлал отпушоци од цигари, а јас три и пол години не пушам цигари, ги имам откажано, така да сметам дека ова е еден вид на притисок и заплашување.

Новинар: Постои ли политичка заднина, односно дали гледате политичка заднина во вашето спроведување со оглед на тоа што сте активен во овој момент во опозицијата и затоа што претстојат реални протести на 17-ти мај?

Богдановиќ: Ова се случува секогаш во општина Центар, посебно во изминативе години. Притисоците траат од 2008 кога на пример за делење на рекламен материјал , биле собирани наши активисти. Потоа како што спомнав пред малку, за паркобраните кога беа уапсени, и кога на барање на жителите се појавив како директор во 1:30. Ве приведуваат, ве држат некои три, четири саата, никој не ви кажува зошто и потоа ви пишуваат прекршочна пријава. Истото се случи и вчера, ниту сум нападнал, ниту сум учествувал во нешто, никогаш во животот не сум правел проблеми. Ама знаете дека општина Центар во изминатиов период е под постојани притисоци и закани, така да и ова го сметам за еден од начините и методите за владеење и практикување на власта.

Извор: www.sdsm.org.mk