Во четврток вечерна богослужба и литија во црквата „Св.Георгиј“ – Струга

На 7- ми мај (четврток),  во 16:00 часот, во црквата „Св.Георгиј“ во Струга ќе се служи вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во 17:30 часот ќе се одржи традиционалната Еордија – литија со светите мошти од „Св.Георгиј“ и неговата чудотворна икона.