Индекси на прометот во секторот Трговија, март 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 19,4%, а реално за 18,5%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8,4%, а реално за 7.6%).