Младинската ракометна репрезентација на Македонија претрпе три порази во Унгарија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија на меѓународниот турнир во Дабас, Унгарија трипати е поразена, од репрезентациите на Хрватска, Норвешка и домаќинот Унгарија.

Во натпреварот со Хрватска, нашите ракометари загубија со 16-27, а потоа бевме поразени од Норвешка, 28-33 и во последното коло од домаќинот, Унгарија со 27-36.