Поради сериозноста на актуелната состојбата поврзана со бојкотот на наставата од страна на учениците во ОСУ „Св.Климент Охридски“, закажани се родителски средби за III и IV година.
„Целта е дискусија со родителите околу надминување на проблемот и враќање на учениците во редовна настава.“– велат од гимназијата.
Родителските средби се закажани за 6-ти мај во 18 часот и 30 минути.