Родителски средби за надминување на проблемот околу бојкотот на наставата на учениците во ОСУ „Св.Климент Охридски“

Поради сериозноста на актуелната состојбата поврзана со бојкотот на наставата од страна на учениците во ОСУ „Св.Климент Охридски“, закажани се родителски средби за III и IV година.

„Целта е дискусија со родителите околу надминување на проблемот и враќање на учениците во редовна настава.“– велат од гимназијата.

Родителските средби се закажани за 6-ти мај во 18 часот и 30 минути.