Во среда повторно „Детектор за лаги“ пред охриѓани

Хит претставата „Детектор за лаги“ на охридскиот Народен театар, на 3-ти јуни (среда) повторно на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прилчев“.

Како што информираат од Центарот за култура, Билетите во продажба ќе бидат пуштени од понеделник.

Инаку, „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.