Работилница за распоредување на млечни производи, додатоци на храна и повеќе функционални уреди

Царинската управа во соработка со Светската царинска организација и под покровителство на Фондот за царинска соработка на Германија, од 04. – 08.05.2015 година во Скопје, организира Работилница за тарифно распоредување на одредени стоки со фокус на распоредување на млечни производи, додатоци на храна и мулти – функционални високо-технолошки уреди.

Целта на оваа работилница е да се обезбеди ажурирање на класификацијата на млечни производи, додатоци на храна и на најновите мулти-функционални високо-технолошки уреди и еднообразна примена на Номенклатурата на хармонизираниот систем. Фокусот на работилницата ќе биде на суштинските основни правила на Хармонизираниот систем, така што учесниците ќе ги разберат основните правила за класификација на стоки со законска поткрепа на нивните одлуки за класификација. Во текот на работилницата, учесниците исто така ќе ја добијат и новата верзија на релевантни инструменти и алатки на Светската царинска организација.

Во реализацијата на работилницата се вклучени еден експерт од царинската лабораторија во Минхен, Германија и еден експерт од Секретаријатот на Светската царинска организација.