Делегација на општина Охрид во која беа заменик градоначалникот Ангел Јанев и советниците Јадранка Василеска Здравеска и Љупчо Настоски, беше во посета на збратимената општина Стар Град во Сараево во Босна и Херцеговина.
На средбата со градоначалникот на општина Стар Град, Ибрахим Хаџибајриќ , делегацијата ги пренесе поздравите од градоначалникот Никола Бакрачески и разговараше за формите за продлабочување на соработката меѓу двете збратимени општини.На средбата домаќинот Хаџибајриќ презентираше повеќе проекти , особено од делот на заштита на културното наследство, област во која може да има размена на искуства и заедничко аплицирање пред европските фондови.