Со повеќе активности ќе се одбележи 7-ми Мај – Денот на македонската полиција

По повод 7-ми Мај, денот на Македонската полиција, утре во големата сала на Секторот за внатрешни работи Охрид, над против – пожарната единица ќе се одржи свечен прием. На свечениот прием, ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа, на институции, организации и медиуми со кои СВР Охрид има редовна соработка, пензионирани полициски службеници и други гости.

Во рамките на одбележувањето на празникот, претставници на СВР Охрид, утре во 10 часот ќе ја посетат детската градинка „Јасна Ристеска“ и ќе присуствуваат на пригодна претстава.

Децата од оваа детска градинка заедно со ученици од ОУ „Братство“, утре во 12 часот ќе го посетат Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе се запознаат со работата на СВР Охрид и ќе имаат можност да видат дел од опремата и материјално-техничките средства од полицијата и Територијалната против-пожарна единица од Охрид.

На денот на Македонската полиција утре во 15 часот на спорско рекреативниот центар „Билјанини извори“ ќе се одржи финалето на полицискиот турнир во мал фудбал.