Започнаа чествувањата на патронот во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец

Учениците и вработените од ОУ „Ванчо Николески” во Лескоец го започнаа тридневното чествување на својот патрон и веќе денес одбрана група на ученици со неколку свои наставници беа во селото Црвена Вода, во посета на спомен-куќата и родното село на Ванчо Николески. Чествувањата и активностите по повод патронатот на училиштето продолжуваат утре, во четврток за кога се предвидени трибини и едукативни работилници на кои освен домаќините ќе учествуваат и претставници од БРО, како и дваесетина гости од збратименото училиште “ Светозар Марковиќ” од Лесковац, Република Србија.

Свеченостите продолжуваат и следниот ден, во петок, кога се случува централната свечена академија на која со свои настапи ќе учествуваат и ученици од училиштето од Лесковац, Србија, како и ученици од училиштето „Мирче Ацев” од село Лисичани, општина Пласница, партнер-училиште на ОУ „Ванчо Николески” во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО).

Инаку, заедничките активности на збратимените училишта продолжуваат и во сабота со заеднички излет во Скребатно каде и учениците и наставниците ќе имаат можност да го продолжат своето дружење и меѓусебно запознавање.

WebOhrid/Фото: Дим Дон