Започнува „Скопје травел маркет“

Меѓународниот туристички саем „Скопје травел маркет“ чиј домаќин е градот Охрид, започнува утре. Во просториите на Скопски саем, Охрид, во соработка со кластерот ЕДЕН, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Стопанската комора за туризам, пред посетителите ќе промовира пакет аранжмани за рурална и староградска традиција кои се дел од проектот „Истражија скриената традиција на Лихнид и белото езеро“. Свое обраќање пред учесниците и гостите на саемот ќе има и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Во рамки на саемот, во петок, ќе се одржи регионална конференција за туризам и интернационална работилница за локален економски развој базиран на класетери, на која ќе учествуваат повеќе говорници од земјава и странство.

За заинтересираните туристички работници кои сакаат да присуствуваат на конференцијата за туризам, обезбеден е бесплатен превоз. Поаѓањето е во петок (09.05.2015) во 7 часот, од Булеварот Туристичка пред „Скалестата“ зграда.

*Концепт на регионалната конференција за туризам и интернационална работилница за локален економски развој базиран на кластери. (повеќе тука…)

Rural_Tradition_Prospect_400