Со бројни активности ќе се одбележи Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8-ми мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод и под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“ Црвен крст Охрид организира повеќе активности:

– 08 мај 2015 (петок) 10:00 ч. Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предшколските установи во Охрид, но и можност за сите заинтересирани преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид да се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст и активностите на Црвен крст Охрид.

– 08 мај 2015 (петок) 12:00 ч. Полагање на свежо цвеќе на бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид)

– 09 мај 2015 (сабота) 10:00 ч. на потегот од плоштадот Св. Климент Охридски до СРЦ „Билјанини Извори“, на повеќе пунктови ќе се реализира 44-от Општински натпревар по прва помош

– 09 мај 2015 (сабота) 12:00 ч. На плоштадот Св. Климент Охридски ќе се изврши промоција на дел од активностите на Црвен крст Охрид поврзани со работата на Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот за развивање на животни вештини

– 12 мај 2015 (вторник) Работилница за дисеминација-ширењето на знаењата за Црвениот крст.