Познати местото и датумот на одржување на „Канеофест 2015“

27-ми јуни е датумот на отворањето на 14-тото по ред издание на фестивалот на новокомпонирни забавни и народни мелодии, „Канеофест 2015“.

Фестивалот  кој е во организација на ТВ Морис Охрид и годинава ќе биде одбележан со две фестивалски вечери.

„Првата вечер ќе биде вечер на народна, македонска новокомпонирана музика каде изведувачите ќе се натпреваруваат за бројни вредни награди, а ќе бидат оценувани од стручно жири и според гласовите од публиката.“- велат организаторите.

Втората фестивалска вечер, 28-ми јуни е резервирана за новокомпонирана забавна музика. Фестивалот годинава ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“. ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

„Принципот на одбирање на победниците ќе биде исти како и предходната вечер, со што со прогласувањето на победникот ќе биде затворено овогодинешното издание на фестивалот.“ Покрај регуларниот натпреварувачки дел и оваа година како и изминатите присутните посетители ги очекуваат атрактивни гости во ревијалниот дел, кои сеуште не би сакале да ги откриеме.“– додаваат организаторите.