Воска доби повеќенаменско игралиште на песок

Заврши изградба на повеќенаменското игралиште на песок во непосредна близина на теренот за фудбал во населба Воска.

Игралиштето е со стандардни димензии 18 на 9 метри а песок е поставен и на околниот дел на површина од 1,5 метар.

Просторот е и хортикултурно уреден а има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м.

Игралиштето на песок е ветување дадено од градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната средба со жителите на Урбана Заедница Воска.

Изведувачи на градежните активности беа јавните претпријатија, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“.

odbojka_na_pesok_400