Во текот на вчерашниот ден третоодделенците при ОУ „Григор Прличев“ го посетија аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
При посетата, тие имаа можност од блиску да се запознаат со воздушниот сообраќај.
„Учениците и нивните наставници беа примени и пречекани од целиот персонал на аеродромот на еден љубезен и најгостопримлив начин, за што сите присутни неизмерно им се заблагодаруваат. Имаа можност да присуствуваат на полетување и слетување на авион, како и да се запознаат со сите елементи на авионот, и сите процедури при полетување и слетување на истиот. “– информираат од училиштето.