ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение, во кое се вели:
„Општинскиот комитет на ВМРО–ДПМНЕ Охрид, според кажувањата на граѓаните во Охрид, остро реагира на притисоците кои што СДСМ Охрид ги врши врз граѓаните, кои што ги тераат да излезат на протести, на кој што протести ги принудуваат да ги носат и своите деца. Манипулацијата со децата за политички цели е законски недозволена. СДСМ во своето политичко делување го достигнува дното и без да води сметка за иднината на сопствените деца ги манипулира за нивните политички цели.
Иако нема никаков основ за протестите кои што ги прават освен гола борба за власт, им укажуваме на граѓаните да не подлегнуваат на лагите, манипулациите и притисоците кои што се прават врз нив.
Да си го сочуваме мирот и спокојството и да не подлегнуваме на мрачното сценарио кое што го подготвува СДСМ за дестабилизација на државата, а сега веќе и за дестабилизација на состојбата во Охрид.
Уште еднаш укажуваме, граѓаните да не подлегнуваат на притисоците, лагите и манипулациите на СДСМ.“ – стои во соопштението.