СДСМ изразува сочувство до семејствата на загинатите припадници на МВР како и до семејствата на загинатите цивили

Од СДСМ изразуваат сочувство до семејствата на загинатите припадници на МВР како и до семејставата на загинатите цивили.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи како и до семејствата на загинатите цивили.

Во овие тешки моменти за Република Македонија уште еднаш повикуваме на смиреност и присебност, да не се предизвика дополнителна ескалација на состојбата и дестабилизација на државата, што може да доведе до нови трагедии и губење на човечки животи.“– стои во соопштението.