Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со претставници од Проектот ИМЕ финансиран од „Swisscontact” Швајцарија одржаа средба со претставници од Општина Охрид, туристичкиот кластер, локалната туристичка комора, туристички агенции, туроператори и од представници од хотелиерската асоцијација – ХОТАМ.
На состанокот се презентираше 4 – годишната програма од ИМЕ Проектот (Increasing Market Employability) за развивање на Охрид како препознатлива туристичка дестинација која ке ја реализира фондацијата „ Swisscontact „ заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
„Меѓу активностите кои ги реализираме многу значаен сегмент е и постојаната комуникација со туристичкото стопанство. Остваривме контакт во Охрид токму со нив и разговаравме за проектот за развивање на Охрид како позната туристичка дестинација, кој пак е во соработка со фондацијата „Swisscotact”. На состанокот беше разгледана и можноста за претставување на Охрид, Македонија и регионот на меѓународната конференција за активен туризам која ќе се одржи во Мај 2016 во Охрид” – изјави Кристијан Џамбазовски, Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Овој проект се однесува на пет годишна техничка соработка и има за цел зголемување на вработувањата. Консеквентно тоа ќе доведе до зголемени можности за пристојно вработување и зголемени приходи за младите, развој на секторот и зголемен раст на компаниите преку пристап до нови пазари, едукација и подобрување на вештините во секторот, но и подобрување на регулаторната политика за раст на компаниите од приватниот сектор.
Во годишниот план на ИМЕ Проектот е најавена поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која е организатор заедно со УСАИД на најголемиот настан најавен за следната година – Adventure Next Balkans.
На средбата воедно се договори и однапред предвидената соработка на „Swisscontact” и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со другите локални чинители од областа на туризмот и локалните власти. Со оваа соработка ќе се детектираат слабостите во туризмот и ќе се пристапи кон нивно решавање.