Новиот член и заменик претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, Харалд Дамерер, денес на негово барање беше примен од градоначалникот Никола Бакрачески. На средбата Дамерер ја истакна добрата соработка со локалната власт и изрази уверување дека и во иднина ќе продолжи со истата динамика. Дамерер ја поздрави заложбата за осовременување на уличното осветлување и истакна дека тоа се совпаѓа со стратегијата на ЕВН Македонија за правилно и штедливо користење на електрична енергија.
Градоначалникот Бакрачески ја потенцира одличната соработка со Корисничко Енергетскиот Центар (КЕЦ) – Охрид, посочувајќи дека одредени непредвиливи ситуации се надминуваат многу брзо и ефикасно. Соговорниците се согласија дека во престојниот период на реализација на новото улично осветлување, сите административни и технички релации меѓу општината и КЕЦ Охрид ќе функционираат на потребното ниво.