Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 372 патнички автомобили од 178 извештајни единици.
Во 2014 година, со 2 372 патнички автомобили се превезени вупно 27 755 000 патници, од кои 24 321 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3 434 000 патници.
Со истиот број на возила се остварени вкупно 69 450 000 километри од кои 61 852 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 7 598 000 километри.