Пуштени во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер MkTickets официјално ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија, помеѓу Работнички и Тетекс.

Картите за финалето од Македонскиот Куп можете да ги купите на сите продажни места на MkTicket, како и електронски на следниот линк: http://mktickets.mk/teteks_rab. Цената на влезницата за натпреварот кој ќе се одигра на 20 мај на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 20:00 часот изнесува 100 денари. Во употреба ќе бидат пуштени само Северна и Јужна трибина.

Продажни места на МК Тикетс:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

Југотон ГТЦ 1 кат

Универзална Сала – Скопје

Тобако – МПМ ПРЕС

Тобако Гоги – Драчево

Скопје: Розе Веро 2, Камарад Рамсторе, Кафе Браво, Ла Кања, Круг Кафе

Низ Македонија : ЗЗ ТОП – Охрид, Агора – Куманово, Хард Рок – Битола, Шишко – Кочани, Алпине Спорт – Тетово, Кафе Амнезија – Тетово, Њу Тобако – Охрид, Sub Club – Струмица.