Екипата на Вардар е победник во финалето во Купот на Македонија.
Ракометарите на Вардар се првата машка екипа во Македонија што освоила 10 трофеи во Купот. Во финалето на 23-иот Куп на Македонија Вардар го победи Металург со 26-22.
Иако потешко од очекувањата, пред се заради одличниот отпор на Металург, „црвено-црните“ во текот на целиот натпревар имаа водство.
За МВП на финалето е прогласен Стојанче Стоилов, најдобра голман е Петар Ангелов, а најдобра стрелец е Алекс Душебаев.